Упатства за поучување
Подготовка на учителите за да ги поучуваат децата
Оттука можеш да симнеш материјали кои ќе ти помогнат тебе како предавач да поучуваш деца. Упатствата се подредени по азбучен ред. Ако ја запомниш на својот компјутер датотеката што си ја симнал и ја отвориш во Adobe Reader®, можеш да ја употребиш функцијата "Bookmarks" (обележувачи) за да „скокаш“ до секоe поглавје.
„Мисијата за евангелизација на деца“ организира курсеви за подготовка на работници со деца. За повеќе информации за тоа, те молам контактирај ја МЕД канцеларијата во твојата земја (погледни во „Локации“).
- Библиски доктрини и како едноставно да се поучуваат
Оваа книга ќе им помогне на работниците меѓу деца подобро да ги разберата доктрините од Библијата, и како да ги поучуваат пред децата. Децата сакаат раскази, а раскажувањето е многу пати полесно отколку објаснувањето вистини. Но, порано или подоцна, децата ќе го постават важното прашање: „Што нѐ поучуваат тие раскази во врска со Бог и со нас?” Во денешното време децата имаат голема потреба да ги разберата поуките од Бибилијата и многу е важно да ги поучуваме тие вистини точно и на интересен начин. Оваа книга ќе ви помогне да ги достигнете тие цели.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
Зошто да ги евангелизираме децата?
Во повеќето земји, повеќето деца не го слушнале Евангелието. Но, не е доволно само да ги собереме, да им го привлечеме вниманието и да ги забавуваме. Децата треба да бидат евангелизирани, а тоа ни е заповед од Христос. Во книгата ќе најдете девет причини зошто треба да ги евангелизираме децата, и го охрабрува читателот да се вклучи во тоа. Последното поглавие дава и практични совети како да се направи тоа.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
- Како да се води дете до Христос?
Нема поголема радост за тие кои поучуваат од Божјото Слово од таа кога дете ќе побара, или праша, како може да поверува во Христос. Голема е радоста да се седне со такво дете и внимателно и љубезно да му се помогне да поверува во Спасителот. Оваа книга содржи систематски поуки за чекорите што треба да се следат. Големо внимание се посветува на тоа никогаш да не се оди против волјата на детето, ниту пак да се форсира „донесување одлука”. Оваа книга, исто така, е многу полезна за да се поучуваат и други како да советуваат една личност за спасение.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
Послушност кон небесната визија
Книгата е напишана имајќи ги во предвид работниците помеѓу деца кои се помлади и понеискусни, а особено за тие кои тукушто започнуват со служење меѓу децата. Ќе ви помогне да разберете каков е Божјиот план за Вас и што тој очекува од Вас. Исто така ќе Ви помогне да се подготвите за тешкотиите со кои ќе се соочите и како да се справите со нив. Истовремено, книгата ќе им биде за благослов и на тие кои веќе работат помеѓу деца, бидејќи на сите ни треба обновување и охрабрување.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
Поучување библиски лекции пред деца
Упатството во детали поучува како да се предава библиска лекција пред децата, на начин кој ќе изврши влијание врз нивните животи, а не само да им се раскаже приказна.
Во книгата се обработуваат прашање како, на пример, што е тоа библиска лекција, каква треба да е структурата на една лекција, како да се пронајдат и да се поучуваат вистини во лекцијата, како да се применат во животот на децата што ги поучуваме. Книгата исто така дава и практични совети за поучување лекција.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
Проблеми со кои се соочуваат децата
Децата денес се соочуваат со различни влијанија. Во повеќето случаи не можеме да ги елиминираме, ниту да ги регулираме истите, но можеме да ги препознаеме опасностите, и да ги подготвиме децата да се справат со нив. Оваа книга е наменета за родителите - христијани, за учители и други кои работат меѓу деца - да можат да идентификуваат некои конкретни проблеми со кои се соочуваат децата денес, да им помогнат да разговараат за проблемите спомнати во книгата, како и да ко кажат пред децата Божјиот одговор за нив.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
100 прашања и одговори во врска со веронаука за деца
Тие кои им служат на децата и сакаат да ги исполнат нивните духовни потреби, без разлика дали се учители во неделно училиште, учители во „Клубот на добрата вест”, родители или пастори / свештеници, честопати имаат прашања поврзано со работата меѓу децата. Оваа книга се обидува да даде практични одговри на многу од тие прашања. Прашањата се групирани во шест категории, а едноставниот формат на прашање и одговор го олеснува барањето на конкретни одговори и информации во врска со служењето меѓу децата.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.
- Упатство за евангелизирање деца
Во многу земји мнозинството деца не слушнале за Евангелието. Не е доволно само да ги собереме децат заедно, да им го привлечеме вниманието, или само да се забавуваме. Потребата на децата, како и заповедта на Христос бараат од нас да ги евангелизираме децата.
Оваа книга се однесува на потребата од евангелизација и како да се направи тоа, кои библиски вистини да се поучуваат пред децата, како да се поучуваат; Божјата покана, покајанието и верата и како да се ползуваат различни делови од програмата за да се евангелизира.
Ве молиме испратете го вашето име, поштенска адреса и насловот на книгата по
мејл, а ние ќе ви ја испратиме книгата бесплатно.