Teach Kids банер

Feedback

Добредојде во Teach Kids!
Бесплатни библиски лекции со вистина и примена за децата

учителкаКоја е целта на овој сајт?
Teach Kids обезбедува бесплатно симнување на библиски лекции, биографски лекции и упатства за поучување од „Мисијата за евангелизација на деца“ (МЕД) што ќе ти помогнат да поучуваш деца. Нашата цел е на овој сајт да се обезбедат материјали на повеќе европски јазици.
Навигацијата на оваа страница е лесна: едноставно, употреби го менито на врвот на страницата и кликни на категоријата која те интересира. Кога ќе симнеш материјал од оваа страница, ти се согласуваш со нашата изјава за авторските права – „Што со авторските права?“. Те молам, прочитај ja, пред да почнеш да симнуваш материјали.
Во моментот обезбедуваме бесплатни текстови и неколку бесплатни визуелни помагала. Ако сакаш да купиш илустрации кои одат заедно со текстот, те молам кликни „Локации“ за да ги најдеш контакт информациите за МЕД во твојата земја.
Посетувај ја нашата страница редовно, како што ќе додаваме нови материјали и ќе ги подобруваме и обновуваме постоечките. Ако имаш коментари, предлози или прашања во врска со страницата, те молиме употреби го линкот за електронска пошта за да нѐ контактираш. Ќе сакаме да слушнеме од тебе!

Што со авторските права?
Сите права за материјалите кои се на страницата на TeachKids.eu ги задржува МЕД. Сите ресурси на оваа веб страница смеат да бидат репродуцирани исклучиво за лична употреба, служење, непрофитна организација или непрофитна употреба. Материјалот се нуди бесплатно, за да се користи за поучување и проучување. Овој материјал во никој случај не смее да се продава. Не смеат да му се додаваат никакви трошоци, а тоа вклучува и трошоци за манипулација или поштарина. Материјалите од страницата TeachKids.eu не смеат да бидат дел од каква и да било публикација која би се продавала или употребила за собирање донации.
Изјавата за авторските права мора да остане во целост видлива на сите материјали.
Ако корисникот сака да дистрибуира повеќе од 10 копии од кој и да било материјал, мора да побара писмена дозвола од МЕД, односно страницата Teach Kids. За сите барања за дозвола, обратете се по меил.
Не даваме дозвола да се поставуваат ресурсите од веб страницата Teach Kids на други веб страници, ниту пак да се поставуваат директни линкови кон материјалите за симнување. Ако сакаш на твоја страница да поставиш линк до страницата TeachKids.eu обрати ни се по меил.


CEF логото